top of page
  • Facebook
  • Instagram
Саем на книга 2021

press to zoom

press to zoom

press to zoom

press to zoom
1/5

Саемот за книга 2020 се одржa во периодот од 8. до 14. септември на отворено во комплексот на А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Саемот го организираше Глобал Медиа Гроуп, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Со оглед на пандемијата на Covid-19 вирусот, беа преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга за прв пат се одржа на отворен простор. Саемот на книга 2020 го посетија над 20.000 посетители кои максимално ги почитуваа сите протоколи за спречување на ширење на коронавирусот. На саемот се претставија 40-тина македонски издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи.

press to zoom

press to zoom

press to zoom

press to zoom
1/9

Саемот на книга 2021 се одржа во периодот 8-14 септември на отворен простор кај Аква паркот, комплекс А1 Арена, СЦ Борис Трајковски во организација на Глобал Медиа Гроуп под Покровителство на Министерството за култура. Ова e второ издание на саемот одржан на отворен простор во насока на поголема безбедност за здравјето и на изложувачите и на посетителите. Саемот беше oрганизиран под мотото “читањето може да биде опасно добро“. Саемот на книга 2021 беше организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ), Здружението на албански издавачи на Македонија и Сојузот на албански издавачи на Македонија. Издавачките куќи присутни на Саемот на книга 2021 изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување и во услови на пандемија. Интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што го покажува и бројката на посетители која и во овие пандемиски услови достигна 15.000. На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа 33 промоции на нови изданија и автори.

Саем на мебел 2021

press to zoom

press to zoom

press to zoom

press to zoom
1/6

34. издание на Саемот на книга 2022 се врати во редовниот, пролетен термин на одржување од 3. до 9. мај, во Арена Борис Трајковски, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија, кое традиционално ја поддржува оваа најголема културна манифестација. Бројот на посетители на Саемот на книга 2022 изнесуваше 23.800 и после две изданија на Саемот во пандемиски услови, ја надмина вообичаената посета од страна на читателите и се врати во сопствениот сјај. Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се вратија и групните посети за учениците од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот понуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители можеа да уживаат во светот на книгите. За време на Саемот беа организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца. По повод 5ти Мај, Ден на македонскиот јазик на Саемот на книга 2022 се одржа промотивен настан насловен како “Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!”. На промотивниот настан се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев итн. Во седумте саемски денови се одржаa повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а имаше гостувања и на странски автори. Значајно претставување имаше Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар “Јунус Емре”, при што во рамките на нивниот штанд се одржаа многу активности со уметници и автори од оваа земја.

Helexpo events 2021
Контакт
bottom of page