34. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГА / 34. INTERNATIONAL BOOK FAIR 2022
34. издание на Меѓународниот Саем на книгата 2022 се врати во редовниот, пролетен термин на одржување од 3. до 9. мај, во Арена Борис Трајковски, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија, кое традиционално ја поддржува оваа најголема културна манифестација. Бројот на посетители на Саемот на книга 2022 изнесуваше 23.800, вклучувајќи ги и организираните посети на ученици и ја надмина вообичаената посета од страна на читателите. За време на Саемот беа организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца и возрасни. По повод 5ти Мај, Ден на македонскиот јазик на Саемот на книга 2022 се одржа промотивен настан насловен како „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!“. Во седумте саемски денови се одржаa повеќе од 36 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, од страна на повеќе од 60 издавачи, а имаше гостувања и на странски автори. Значајно претставување имаше Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре“, при што во рамките на нивниот штанд се одржаа многу активности со уметници и автори од оваа земја. --- The 34th edition of the International BOOK FAIR 2022 has returned to its regular, spring schedule from 3rd to 9th of May, in Arena Boris Trajkovski, under the patronages of the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, which traditionally supports this largest cultural manifestation . The number of visitors of the BOOK FAIR 2022 was 23,800, including the organized visits of students and after two editions of the Fair in pandemic conditions, it exceeded the usual visit by readers. Workshops and promotions of new editions for children and adults were also organized during the Fair, by the publishers present. On the occasion of May 5th, Day of the Macedonian Language at the BOOK FAIR 2022, a promotional event named as "Macedonian Literary Classics - A Gift for the Generations!" was held, at the Promotion Center. During the seven days of the fair, more than 36 promotions of new editions and authors were held in the Promotion Center, by more than 60 publishers, and there were guest appearances by foreign authors as well. The Republic of Turkey had a significant presentation through its Ministry of Culture and Tourism, in cooperation with the Turkish Cultural Center "Yunus Emre", where many activities were held within their stand with artists and authors from this country.
ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА / BOOK FESTIVAL 2022
„ФЕСТИВАЛОТ НА КНИГАТА“, се одржа за прв пат во организација на Глобал Медиа Гроуп – Скопје од 7. до 12. септември 2022, на отворен простор во С.Ц. Борис Трајковски, во една поинаква и убава атмосфера, каде секој посетител можеше да ги пронајде своите омилени наслови. Фестивалот се одржа под мотото „Скопје чита!“, а посетителите преку посета на фестивалот и набавка на омилената литература уживаа во богатата понуда. На Фестивалот на книгата се претставија 30-тина издавачки куќи со изданија од голем број домашни и странски автори, стручна литература, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца, а посетата ја достигна бројката од 7.000 посетители. На Фестивалот на книгата беше подготвено специјализираното катче за читање каде посетителите се забавуваа и читаа во опуштена атмосфера. --- The "BOOK FESTIVAL" was held for the first time in the organization of Global Media Group - Skopje from September 7 to 12, 2022, in an open space in S.C. Boris Trajkovski, in a different and beautiful atmosphere, where every visitor could find their favorite titles. The festival’s motto was "Skopje reads!", and visitors enjoyed the wide offer of books by visiting the festival and purchasing their favorite literature. About 30 publishing houses presented themselves at the Book Festival with publications by a large number of domestic and foreign authors, professional literature, scientific and fiction literature, books for young people and children, the number of visitors reached 7,000. At the Book Festival, a specialized reading corner was prepared where visitors had fun and read in a relaxed atmosphere.